Вие и припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта. Затоа, да не бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени. Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат; но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата. Бог не не одбра за да не казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос, Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати. Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.
Прочитај 1 Солунјаните 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Солунјаните 5:5-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа