Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 3:4-13

1 Коринтјаните 3:4-13 MNT

Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос. Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе? Кој е Аполос? Кој е Павле? Вреди ли заради нас да се карате? Ние сме само Божји слуги преку кои поверувавте. Секој од нас си ја извршуваше задачата дадена од Господ. Јас сеев, Аполос полеваше, но Бог овозможи семето да порасне. Не треба да се велича ни тој што сее, ни тој што полева, туку Бог, Кој овозможува семето да порасне. Оној што сее и оној што полева работат еднакво важни задачи и секој од нив ќе добие награда соодветна на вложениот труд. И Аполос и јас работиме за Бог, а вие сте Божја нива, Божја градба, а не наша. Користејќи ја дарбата што Бог милостиво ми ја даде, јас, како и секој мудар ѕидар, најпрво го поставив темелот, а други по мене ќе градат врз него. Но секој мора да внимава како ќе гради! Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос! Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, со сребро или со скапоцени камења, а друг со дрво, со сено или со слама. Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело! Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност.