Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЗАХАРИЈА 2

2
3. Видение: земјомерачка врвца (јаже)
1Ги подигнав очите и видов: и ете: човек, а во неговата рака мерачко јаже. 2Го прашав: „Каде одиш?“ Ми одговори: „Да го измерам Ерусалим и да видам колку е широк а колку долг.“ 3И ете, ангелот кој зборуваше со мене стоеше неподвижно, а друг му излезе во пресрет 4и му рече: „Трчи, речи му на оној млад човек вака: ‘Ерусалим ќе биде како отворен град заради мноштвото луѓе и добиток кои ќе бидат во него. 5А Јас - говори Господ - ќе му бидам огнен ѕид наоколу и негова Слава сред него.’“
6„Еј! Еј! Бегајте од Северната Земја - говори Господ - зашто во сите четири небесни ветра ве распрснав - говори Господ! 7Еј, Сиону, кој живееш кај вавилонската ќерка, спаси се!“ 8Вака зборува Господ над Воинствата чија Слава ме испрати кај народите кои ве ограбија: „Кој ве допира, Ми ја допира зеницата на окото. 9Ете, ја подигам раката против нив за да им бидат плен на своите робови. Така ќе знаете дека ме испрати Господ над Војските! 10„Воскликнувај и радувај се, Сионска Ќерко, зашто еве, доаѓам да престојувам сред тебе. 11Господ зборува. Во оној ден многу народи ќе се прилепат кон Господа, и ќе бидат Мој народ, а Јас ќе престојувам сред тебе. Така ќе знаеш дека Господ над Воинствата ме испрати кај тебе. 12И Јудеја ќе биде Господово наследство, Негов дел во Светата Земја, и Тој пак ќе го избере Ерусалим. 13Да молкнат сите луѓе, пред Господа, зашто, еве, Тој станува од Своето Свето живеалиште.“

Селектирано:

ЗАХАРИЈА 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се