Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РУТА 1:16-21

РУТА 1:16-21 MKB

А Рута ѝ одговори: „Не ме принудувај да те оставам и да си отидам од тебе: зашто каде одиш ти, ќе одам и јас, и каде ќе живееш ти, ќе живеам и јас; твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог - мој Бог. Каде ќе умреш ти, ќе умрам и јас, каде ќе те погребаат тебе, ќе ме погребаат и мене. Господ нека ми врати со секакво зло и со неволја ако ме оддели нешто од тебе освен смртта.“ Гледајќи дека цврсто наумила да оди со неа, прекрати да ја одвраќа. Така заедно одеа додека не дојдоа во Витлеем. А кога дојдоа во Витлеем сиот град се возбуди заради нив. „Ма, ова ли е Ноемина?“ - (Пријатна) прашаа жените. А таа им одговараше: „Не викајте ме веќе Ноемина, туку викајте ме Мара (Горчлива), зашто Сѐдржителот ме исполни со горчина! Оттука заминав со полни раце, а сега Господ ме враќа со празни раце. Зошто ме викате Ноемина кога Господ посведочи против мене, и Сѐмоќниот ме завитка во тага?“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со РУТА 1:16-21