Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 7:17-25

РИМЈАНИТЕ 7:17-25 MKB

Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене. Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа, зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам. А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене. И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу. Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон, но, гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот, што е во моите членови. Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело! Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!