Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 3:14-22

ОТКРОВЕНИЕ 3:14-22 MKB

“И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание: ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел! Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста. Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол. Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш. Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се! Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност