Господи, Боже на моето спасение, дење викам, а ноќе тажам пред Тебе. Нека стигне мојата молитва до Тебе, приклони го Своето уво кон мојот повик. Зашто мојата душа е наситена од страдања, мојот живот наближува кон Подземјето. Ме вбројуваат кон оние, што слегуваат во гроб, станав сличен на немоќниот. Моето легло е меѓу мртвите, како убиените што лежат во гробот, за кои веќе не се сеќаваш, од кои ја тргна раката. Ме смести во длабока јама, во темнини, во бездна. Тешко ме притиска Твојот гнев, и со сите Свои бранови ме прекриваш. Ги оддалечи од мене моите познати, направи да им бидам гнасен: затворен сум, не можам да излезам. Очите ми гаснат од тага: викам кон Тебе, Господи, секој ден, кон Тебе ја пружам раката.
Прочитај ПСАЛМИ 88
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПСАЛМИ 88:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа