Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 119:25-40

ПСАЛМИ 119:25-40 MKB

Мојата душа лежи во прав: врати ми го животот според Твојот збор. Ти ги кажував сите свои патишта и Ти ме чу: ме научи на Твоите заповеди. Покажи ми го патот со Твоите правила и ќе размислувам за Твоите чудеса. Мојата душа рони солзи од тага, подигни ме според Твојот збор! Држи ме далеку од патот на заблудата и надари ме милостиво со Твојот Закон. Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки. Јас цврсто се прилепив до Твоите прописи, о Господи, немој да ме посрамуваш! Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето. Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај. Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце. Упати ме по патеката на Твоите заповеди, зашто јас се насладувам во неа. Приклони ми го срцето кон Твоите прописи, а не кон среброљубие! Одврати ги моите очи да не ја гледаат суетата, чувај ми го животот на Твојот пат! Исполни ги ветувањата на Твојот слуга, што им ги даде на оние кои се бојат од Тебе! Отстрани го срамот, од кој се плашам, зашто се благи Твоите пресуди. Еве, копнеам по Твоите наредби: поживи ме со Твојата правда.