Мудрата жена го изградува нејзиниот дом, а лудата го разурнува со рацете. Кој живее од чесност, се бои од Господа, а кој оди по страничен пат, Го презира. Во устата на лудиот е прачката за неговата гордост, а мудроста ја пазат сопствените усни. Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите. Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага. Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење. Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење. Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда. На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост. Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг. Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета. Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта. И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага. Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд. Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор. Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел. Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен. Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 14:1-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа