Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение со страв и трепет. Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја. Правете сѐ без ропот и двоумење, за да бидете беспрекорни и чисти, непорочни Божји чеда, среде опак и расипан род, меѓу кој светите како светила во светот, држејќи го цврсто словото на животот, за да имам со што да се фалам во Христовиот Ден, дека не трчав напразно и дека не се трудев напразно. Но, ако се и излевам како налевница врз жртвата и службата на вашата вера, се радувам и се радувам со сите вас. А исто така радувајте се и вие и радувајте се со мене.
Прочитај ФИЛИПЈАНИТЕ 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: ФИЛИПЈАНИТЕ 2:12-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа