А еден од народот му одговори: „Учителе, Ти го доведов сина си, во кого е нем дух; и кога го фаќа, го кутнува, а тој се пени, чкрта со забите и се здрвува. Им реков на Твоите ученици да го истераат, но не можеа.“ А Тој одговори и рече: „О неверен роде, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!“ И Му го доведоа. А штом духот го виде, веднаш го стресе и тој падна на земја, се тркалаше и се пене-ше. Тогаш го праша татка му: „Колку време има откако му се случува ова? А тој рече: „Од детството, а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!“ Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! Сѐ е можно на оној, кој верува!“ Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!“ А Исус штом виде дека придојдува народ, му се закани на нечистиот дух и му рече: „Нем и глув душе, Јас ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!“
Прочитај МАРКО 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАРКО 9:17-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа