Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 9:14-27

МАРКО 9:14-27 MKB

И кога дојдоа при учениците, видоа многу големо множество околу нив и книжници, кои се препираа со нив. И штом целото множество Го виде, се зачудија, и се стрчаа и Го поздравуваа. И ги праша: „За што се препирате со нив?“ А еден од народот му одговори: „Учителе, Ти го доведов сина си, во кого е нем дух; и кога го фаќа, го кутнува, а тој се пени, чкрта со забите и се здрвува. Им реков на Твоите ученици да го истераат, но не можеа.“ А Тој одговори и рече: „О неверен роде, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!“ И Му го доведоа. А штом духот го виде, веднаш го стресе и тој падна на земја, се тркалаше и се пене-ше. Тогаш го праша татка му: „Колку време има откако му се случува ова? А тој рече: „Од детството, а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!“ Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! Сѐ е можно на оној, кој верува!“ Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!“ А Исус штом виде дека придојдува народ, му се закани на нечистиот дух и му рече: „Нем и глув душе, Јас ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!“ И извика, и го стресе силно детето и излезе. И беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело. А Исус го фати за рака, го поткрена и тоа стана.