Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 8:27-36

МАРКО 8:27-36 MKB

И излезе Исус, со Своите ученици, по селата на Кесарија Фили-пова; а патем ги прашуваше Сво-ите ученици, велејќи им: „Што велат луѓето, Кој Сум Јас?“ Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.“ Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?“ Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос“. И им забрани никому да не зборуваат за Него. И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува. Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.“ И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси. Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАРКО 8:27-36

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност