Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 15:21-47

МАРКО 15:21-47 MKB

И натераа еден минувач, Симон Киринеец, кој се враќаше од полето, татко Александров и Руфов, да го носи Неговиот крст. И Го доведоа на местото Голгота, што значи Место На Черепи. И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими. Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлај-ќи жрепка за нив - кој што да земе. А беше третиот час, кога Го распнаа. И беше напишан натпис, што ја означуваше Неговата вина: „Јудејски Цар.“ И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него. И се исполни Писмото кое вели: „И Го вброија меѓу злосторници.“ А минувачите Го хулеа, вртејќи со своите глави и велејќи: „Уа! Ти што го уриваш Храмот и го соѕидуваш за три дни, спаси Се Себеси и слези од крстот!“ Слично се ругаа првосвештениците, заедно со книжниците, говорејќи еден на друг: „Другите ги спаси, а Себе не може да се спаси! Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!“ Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него. А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час. А во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или! Или! Лама Савахтани!“- што значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“ Штом го чуја тоа, некои од оние, кои стоеја таму, рекоа: “Ете, го вика Илија!“ И еден отрча и накваси сунѓер во киселина, ја надена на трска и Му даде да пие, велејќи: „Оставете, да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне!“ А Исус викна со силен глас и издивна. И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу. А кога виде стотникот, кој стоеше спроти Него, дека така издивна, рече: „Навистина, Овој човек беше Божји Син!“ А оддалеку гледаа и жени, меѓу кои беше Марија Магдалена, Марија мајка на Јаков малиот и на Јосија и Салома, кои одеа по Него, кога беше во Галилеја, и Му служеа, и многу други, кои дојдоа со Него во Ерусалим. А кога веќе се свечери, бидејќи беше подготвување, односно ден спроти сабота. Дојде Јосиф од Ариматеја, почитуван советник, кој и самиот го чекаше Божјото Царство, се осмели и влезе при Пилата и го побара Исусовото тело. А Пилат се зачуди дека веќе починал; и го повика стотникот и го праша дали починал одамна. А штом узна од стотникот, му го даде на Јосифа мртвото тело. Тој купи ленено платно, Го симна, Го завитка во платното и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен пред вратата на гробот. А Марија Магдалена и Марија Јосие-ва гледаа каде е положен.