Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 8:18-34

МАТЕЈ 8:18-34 MKB

А кога Исус виде големо мноштво околу Себе, заповеда да отпловат на другата страна. И пристапувајќи Му еден книжник Му рече: „Учителе, јас ќе Те следам каде и да одиш.“ А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.“ А друг од Неговите ученици Му рече: „Господи, дозво-ли ми најнапред да отидам и да го погребам татка си.“ А Исус му рече: „Следи Ме и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.“ И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нѐ! Загинуваме!“ И им рече: „Зошто се боите, маловерни?“ Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?“ И кога дојде на другата страна, во Гадаринската земја, Го сретнаа двајца опседнати од демони, кои излегоа од гробовите, многу сви-репи, така што никој не можеше да помине по оној пат. И ете, извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нѐ измачуваш пред време?“ А далеку од нив пасеше големо стадо свињи. А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нѐ изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.“ И им рече: „Отидете!“ А тие излегоа и отидоа во свињите; и ете, целото стадо се стрча низ карпата во морето, и загина во водите. А свињарите побегнаа, и штом дојдоа во градот, известија за сѐ, и за она што им се случи на опседнатите. И ете, целиот град Му излезе во пресрет на Исуса, и кога Го видоа Го замолија да си отиде од нивниот крај.