Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 6:6-13

МАТЕЈ 6:6-13 MKB

А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“ “А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови. И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите. Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име; да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата; нашиот насушен леб, дај ни го денес; и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАТЕЈ 6:6-13

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност