Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 27:45-54

МАТЕЈ 27:45-54 MKB

А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час. Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?“ А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во киселина, ја надена на трска, и Му даваше да пие. А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“ А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот. И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу, и земјата се стресе, и карпите се распукаа, а гробовите се отворија, и воскреснаа многу тела на упокоени свети; и излегоа од гробовите по Неговото воскресение, влегоа во Светиот Град и се јавија на мнозина. А стотникот и оние, кои со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ што стана, се уплашија многу и рекоа: „Навистина, Овој беше Божји Син!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност