Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 26:36-46

МАТЕЈ 26:36-46 MKB

Тогаш Исус дојде со нив на местото, кое се вика Гетсеманија, и им рече на учениците: „Седете тука додека Јас отидам онаму да се помолам.“ И ги поведе со себе Петра и двајцата Зеведееви синови и почна да тагува и да се вознемирува. Тогаш им рече: „Мојата душа е длабоко натажена до смрт; останете тука и бдејте со Мене!“ И отиде малку потаму и падна на Своето лице и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како Ти!“ И дојде при учениците, и ги најде како што спијат, и му рече на Петра: „Така! Не можевте ли да пробдеете со Мене еден час? Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо!“ Пак, повторно отиде и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако не е можно да Ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, нека биде Твојата волја.“ И кога дојде пак ги најде како што спијат, зашто очите им беа натежнале. И пак ги остави и отиде да се помоли, по третпат, и ги изговори истите зборови. Тогаш дојде при учениците и им рече: „Само спијте и почивајте. Еве, наближи часот кога Чове-чкиот Син ќе биде предаден во рацете на грешниците. Станете, да одиме! Ете, наближи Мојот предавник.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАТЕЈ 26:36-46

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност