Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 24:1-14

МАТЕЈ 24:1-14 MKB

Кога Исус излезе од Храмот, одеше натаму; Неговите ученици Му се при-ближија за да Му ги покажат зградите на Храмот. А Тој им одго-вори: „Го гледате ли сето ова? Вистина ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, што не ќе биде урнат.“ Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите уче-ници дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?“ И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,“ и ќе заблудат мнозина. А ќе чуете за војни и гласови за војни. Пазете да не се уплашите; зашто тоа треба да се случи, но уште не е крај. Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места. Но сѐ тоа е само почеток на страдањата. Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве замразат заради Моето име. Тогаш мнозина ќе се соблазнат; и едниот ќе го предава другиот; и едниот ќе го мрази другиот; и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина. И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина. А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен. И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.“