Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 18:23-35

МАТЕЈ 18:23-35 MKB

Затоа царството небесно е слично на некојси цар, кој сакал да ги среди сметките со своите слуги. А кога почна да ги расчистува, при него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти. И бидејќи немаше да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сѐ што имаше, за да се плати долгот. Тогаш слугата падна и му се поклонуваше, велејќи: ‘Господаре, имај трпение кон мене и ќе ти исплатам сѐ.’ И потти-кнат со сожалување, господарот на оној слуга, го пушти, и му го прости долгот. Но штом слугата излезе, и најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто денарии, го фати, и го давеше, велејќи: ‘Исплати ми, тоа што ми должиш.’ Тогаш падна пред неговите нозе неговиот сослу-жител и го молеше, велејќи: ‘Имај трпение со мене, и ќе ти исплатам сѐ.’ Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека го исплати долгот. А кога неговите сослужители видоа што се случи, мошне многу се нажалија, и дојдоа и му кажаа на својот господар сѐ што се случи. Тогаш неговиот господар го повика и му рече: ‘Зол слуго! Ти го простив сиот оној долг, зашто ме молеше. Не требаше ли и ти да му се смилуваш на твојот сослужител, како што и јас ти се смилив тебе?’ И неговиот господар се разгневи и им го пре-даде на мачителите, додека му исплати сѐ што му должеше. Така и Мојот небесен Татко ќе ви направи вам, ако секој од вас не му ги прости од срце престапите на својот брат.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАТЕЈ 18:23-35