Тогаш Петар пристапи и Му рече: „Господи, колку пати да му простам на брата си кој греши против мене? До седумпати ли?“ Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесетпати по седум.“ Затоа царството небесно е слично на некојси цар, кој сакал да ги среди сметките со своите слуги. А кога почна да ги расчистува, при него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти. И бидејќи немаше да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сѐ што имаше, за да се плати долгот. Тогаш слугата падна и му се поклонуваше, велејќи: ‘Господаре, имај трпение кон мене и ќе ти исплатам сѐ.’ И потти-кнат со сожалување, господарот на оној слуга, го пушти, и му го прости долгот.
Прочитај МАТЕЈ 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАТЕЈ 18:21-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа