Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 16:21-27

МАТЕЈ 16:21-27 MKB

Оттогаш Исус почна да им покажува на Своите ученици, дека беше потребно за Него да замине за Ерусалим и да пострада многу од старешините, главните свеште-ници и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне. А Петар Го зеде настрана и почна да Го кори, велејќи: „Бог да е милостив кон Тебе, Господи; тоа никогаш нема да Ти се случи!“ А Тој се сврте и му рече на Петра: „Бегај зад Мене, сатано! Ти си Ми пречка, зашто мислиш не за она, што е Божјо, туку за она, што е човечко. Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека Ме следи. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; но кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде. Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа? Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Татко, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде награда на секого според неговите дела.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАТЕЈ 16:21-27