А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и извикаа од страв. А Исус веднаш им прого-вори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.“ А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.“ Тој пак рече: „Дојди!“ И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса. Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!“ А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?“
Прочитај МАТЕЈ 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАТЕЈ 14:25-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа