Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 14:22-33

МАТЕЈ 14:22-33 MKB

И веднаш ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат пред Него на другата страна, додека да го распушти народот. И штом го распушти народот, се искачи на гората, за да се моли насамо. А кога се свечери, беше Сам таму. А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен. А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и извикаа од страв. А Исус веднаш им прого-вори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.“ А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.“ Тој пак рече: „Дојди!“ И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса. Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!“ А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?“ И кога влегоа во коработ, ветрот престана. А оние, кои беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: „Навистина Ти си Божји Син.“