И веднаш ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат пред Него на другата страна, додека да го распушти народот. И штом го распушти народот, се искачи на гората, за да се моли насамо. А кога се свечери, беше Сам таму. А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен. А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и извикаа од страв. А Исус веднаш им прого-вори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.“ А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.“ Тој пак рече: „Дојди!“ И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса.
Прочитај МАТЕЈ 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАТЕЈ 14:22-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа