Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 9:18-25

ЛУКА 9:18-25 MKB

И кога еднаш се молеше сам, а учениците беа со Него, ги праша: „Што вели народот, Кој Сум Јас?“ Тие пак одговорија: „Едни велат - Јован Крстител, други - Илија, а трети - дека воскреснал некој од старите пророци.“ Тогаш им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?“ Петар во одговор рече: „Христос Божји!“ А Тој строго им заповеда, никому да не го кажуваат тоа; велејќи дека Човечкиот Син треба да пострада многу; да биде отфрлен од старе-шините, свештеничките главатари и книжниците; да биде убиен и да воскресне на третиот ден. И на сите им зборуваше: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот крст секој ден, и нека Ме следи! Зашто, кој сака да ја спаси својата душа - ќе ја изгуби; а кој ја изгуби својата душа заради Мене, тој ќе ја спаси. Зашто, каква полза има човекот ако го добие целиот свет, а самиот себе се изгуби или се упропасти?

Video for ЛУКА 9:18-25

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЛУКА 9:18-25