Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 23:33-43

ЛУКА 23:33-43 MKB

И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него; и зло-чинците - едниот оддесно, а другиот одлево. А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!“ Кога го делеа Неговото облекло, фрлија жрепка. Народот стоеше и гледаше. А старешините се ругаа, велејќи: „Други спаси! Нека се спаси Самиот Себеси, ако е Тој Христос, Божји Избраник!“ Му се потсме-ваа и војниците, кои Му се приближуваа и Му даваа киселина; и велеа: „Ако си Јудејски Цар спаси се Самиот!“ А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Јудејскиот Цар.“ А еден од обесените разбојници Го хулеше: „Зар не си Ти Христос? Спаси се Себеси и нас!“ А другиот во одговор го укори: „Зар не се боиш од Бога, кога и ти си исто така осуден. И, ние сме праведно осудени, зашто го примаме заслуженото од тоа што сме сториле. Но, Овој не направил никакво зло.“ И рече: „Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во Твоето Царство!“ А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.“

Video for ЛУКА 23:33-43