Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 2:21-38

ЛУКА 2:21-38 MKB

И кога навршија осум дена, за Неговото обрезание, Му го дадоа името Исус, како што Го нарече ангелот, пред да биде зачнат во утробата. И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според Мој-сеевиот Закон, Го донесоа во Ерусалим, за да Го претстават пред Господа, како што е напи-шано во Господовиот Закон: „Секое машко, кое се раѓа прво, да Му биде посветено на Господа!“, и да принесат жртва, како што е речено во Господовиот Закон - две грлици или две гулапчиња. И ете, во Ерусалим живееше човек по име Симеон, и тоа човек праведен и благочестив, кој ја чекаше Израелевата утеха; и Светиот Дух беше над него. Нему Светиот Дух му прорече дека нема да види смрт, додека не Го види Христа Господов. И вдахновен од Светиот Дух дојде во Храмот; и кога родителите Го внесоа Детенцето Исус, за да го извршат врз Него обичајот на Законот, Го зеде на своите раце, Го благослови Бога и рече: “Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа Твоето спасение, кое го приготви пред лицето на сите луѓе, светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел.“ А Јосиф и мајка Му се чудеа на она, што зборуваше за Него. И Симеон ги благослови и ѝ рече на Неговата мајка Марија: „Гледај! Овој е поставен за паѓање и подигање на мнозина во Израел, и знак на кој ќе му се противат, а на самата Тебе мечот ќе ти ја прободе душата - за да се откријат мислите на многу срца. Беше и пророчицата Ана, Фануилова ќерка, од Асировото племе; таа беше во многу напредната возраст; од своето моминство проживеала со мажот седум години, а како вдовица до осумдесет и четвртата година, не го напу-шташе Храмот, служејќи Му на Бога со пост и молитва ноќе и дење. И во истиот час таа дојде и Го славеше Бога и им зборуваше за Него на сите во Ерусалим, кои го очекуваа спасението.

Video for ЛУКА 2:21-38

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЛУКА 2:21-38