Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 15:1-10

ЛУКА 15:1-10 MKB

Сите цариници и грешници се приближуваа при Него, за да Го слушаат. А фарисеите и книжниците пак негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“ Тогаш им ја кажа оваа парабола: “Кој од вас, ако има сто овци, и загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе отиде по загубената, додека не ја најде. А кога ќе ја најде, ќе ја крене, радувајќи се, на своите рамена и кога ќе дојде дома ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов својата изгубена овца!’ Ви велам: така ќе биде на небото, поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, кои немаат потреба од каење.“ “Или која жена, ако има десет драхми и изгуби една драхма, нема да запали светилка, и не ја мете куќата, и не ја бара внимателно, додека не ја најде? А кога ќе ја најде, ќе ги повика пријателките и сосетките и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов драхмата, што ја изгубив!’ Така, ви велам, се радуваат Божјите ан-гели, заради еден грешник, кој се кае.“