Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 11:5-13

ЛУКА 11:5-13 MKB

И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, и му рече: „Пријателе, дај ми на заем три леба, зашто ми дојде пријател од пат, а немам што да ставам пред него!“ А оној одвнатре да му одговори: ‘Не ме обеспокојувај, вратата е веќе затворена, а моите деца се со мене во постелата, не можам да станам и да ти дадам,’ ви велам, ако и не би станал да му даде, затоа што му е пријател, ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба. И Јас ви велам: „Молете, и ќе ви се даде! Барајте, и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори! Зашто секој, кој моли - прима; и кој бара - наоѓа; а на оној, кој чука - ќе му се отвори. И кој е оној татко, меѓу вас, кој ќе му даде на сина си камен - ако побара леб? Или, ако побара риба, да му даде место риба - змија? Или ако побара јајце - да му даде скорпија? И така, ако вие, кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе небесниот Татко ќе им даде Свети Дух на оние, кои Го молат?“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЛУКА 11:5-13