И кога одеа, влезе во едно село, некоја жена, по име Марта, Го прими во својот дом. А таа имаше сестра, по име Марија, која седна при нозете на Господа и го слушаше Неговото слово. А Марта се трудеше многу да Му служи што подобро. Таа пристапи и рече: „Господи! Зар не Ти е грижа дека мојата сестра ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне!“ А Господ ѝ одго-вори и рече: „Марта! Марта! Ти се грижиш и се вознемируваш за многу нешта; а потребно е едно. Марија го избра добриот дел, што нема да ѝ се одземе.“
Прочитај ЛУКА 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 10:38-42
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа