Во тие дни, Марија стана и отиде набргу во планинскиот крај, во еден Јудин град. Влезе во куќата на Захарија и ја поздрави Елиса-вета. И штом Елисавета го чу поздравот од Марија, младенецот ѝ заигра во утробата, а Елисавета се исполни со Светиот Дух. И извика гласно и рече: „Благосло-вена си ти меѓу жените! И благо-словен е плодот на твојата утроба! И откаде ми е тоа, мајката на мојот Господ да дојде при мене? Зашто, ете, кога гласот на твојот поздрав дојде до моите уши, младе-нецот заигра од радост во мојата утроба. И блажена е таа, која поверува дека ќе се исполни она, што Господ ѝ го рекол.“ И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! И мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител, зашто ја погледна смиреноста на Својата слугинка. И ете! Отсега сите родови ќе ме наречуваат блажена, зашто Силниот изврши големи дела за мене и Неговото име е свето, и Неговата милост од род до род, за оние, кои се бојат од Него. Со Својата рака напра-ви силни дела: ги распрсна горделивите во мислите на нивните срца, ги симна владетелите од престолите, а ги воздигна смирените, гладните ги насити со блага, а богатите ги отпушти празни; го прифати Израел, Својот слуга, да си спомни на милоста, како што им рече на нашите татковци - на Авраама и на неговото Семе, довека.“
Прочитај ЛУКА 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 1:39-55
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа