А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија. И кога ангелот дојде при неа ѝ рече: „Радувај се благодатна! Гос-под е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“ Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? Тогаш ангелот ѝ рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
Прочитај ЛУКА 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 1:26-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа