Тогаш му се јави Господов ангел, стоејќи оддесно на кадилниот жртвеник. Кога го виде, Захарија се збуни и страв го опфати. Но, ангелот му рече: „Не бој се, Захарија! зашто е услишана твојата молитва! Твојата жена Елисаве-та ќе роди син, кому треба да му го дадеш името Јован. Ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат на неговото раѓање. Зашто ќе биде голем пред Господа - нема да пие ни вино ни опојни пијалаци; и ќе се наполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка; и многу Израелеви синови ќе ги обрати кон Господа, нивниот Бог. Тој ќе врви пред Него во Илиевиот дух и сила, за да ги обрати срцата на татковците кон децата; а непокорните кон мудроста на праведниците, и да Му приготви на Господа совршени луѓе.“
Прочитај ЛУКА 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 1:11-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа