Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 5:1-9

ИСУС НАВИН 5:1-9 MKB

Откако чуја сите аморејски цареви на западната страна на Јордан, и сите ханаански цареви, кои беа покрај морето, дека Господ, го пресуши Јордан пред Израелците додека не поминаа, им застана срцето, и не остана дух во нив пред Израелците. Во тоа време Господ му рече на Исуса: „Направи си камени ножеви и обрежи ги повторно Израелците.“ Исус си направи камени ножеви и ги обреза Израелците на брежето Аралот (Брег на Обрезаните). А еве зошто ги обреза Исус: сите луѓе кои излегоа од Египет, сите кои можеа да носат оружје, изумреа при патувањето низ пустината. Сите тие беа обрезани, ама не беше обрезан никој, кој се родил при патувањето низ пустината, по излезот од Египет, зашто четириесет години Израелците скитаа по пустината додека не изумреа сите способни за оружје, кои беа излегле од Египет; не го слушаа Господовиот глас, па Господ им се заколна дека нивните очи нема да ја видат земјата, што им ја вети на нивните татковци - земјата во која течат млеко и мед. На нивно место ги издигна нивните синови, и Исус ги обреза нив: не беа обрезани, зашто на патот не се обрезуваше. Кога сиот народ беше обрезан, почиваа во логорот сѐ додека не оздравеа. Тогаш Господ му рече на Исуса: „Денес го симнав од вас египетскиот срам.“ И она место се нарече Галгал сѐ до наши дни.