По два дена тргна оттаму за Галилеја. Зашто Самиот Исус изјави дека пророкот нема чест во својата родина. И така, кога дојде во Галилеја, Галилејците Го при-мија, зашто беа виделе сѐ што стори во Ерусалим на празникот, бидејќи и самите дојдоа на празникот. И пак дојде во Кана Галилејска, каде ја претвори водата во вино. А имаше еден царски службеник, чиј син беше болен во Капернаум. Тој, штом чу дека Исус дојде од Јудеја во Галилеја, отиде при Него и Го замоли да слезе и да му го исцели синот, зашто беше на умирање. Тогаш Исус му рече: „Ако не видите знаци и чудеса, нема да поверувате.“ Царскиот службе-ник Му рече: „Господине, слези пред да ми умре детето!“ Исус му рече: „Оди си, твојот син е жив!“ Човекот му поверува на зборот, што му го кажа Исус и си замина. И додека уште слегуваше, него-вите слуги го пресретнаа и му соопштија дека син му е жив. А тој ги праша за часот во кој му станало полесно. Тие му одговорија: „Вчера, во седмиот час, го остави треската.“ Тогаш таткото разбра дека тоа се случило во часот кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. Ова пак второ чудо го направи Исус, кога дојде од Јудеја во Галилеја.
Прочитај ЈОВАН 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 4:43-54
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа