Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 21:15-19

ЈОВАН 21:15-19 MKB

Откако завршија со појадокот, Исус му рече на Симона Петра: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме повеќе отколку овие?“ тој Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Му рече: „Паси ги Моите јагниња!“ Му рече пак, по вторпат: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме?“ Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Му рече: „Води ги Моите овци на пасење!“ Му рече по третпат: „Симоне Јонин, Ме сакаш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме сакаш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти знаеш сѐ, Ти знаеш дека Те сакам.“ Исус му рече: „Паси ги Моите овци!“ Вистина, вистина ти велам: кога беше по-млад, се опашуваше сам и одеше каде што сакаше; но, кога ќе остариш, ќе ги рашириш твоите раце, и друг ќе те опашува и ќе те води каде што нејќеш. А ова го рече, навестувајќи со каква смрт ќе Го прослави Бога. Откако го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“