А вечерта, на истиот прв ден на седмицата, додека вратата, каде беа собрани учениците, беше затворена поради страв од Јудеј-ците, Исус дојде, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ Откако го рече тоа им ги покажа рацете и ребрата. И учениците се зарадуваа, кога Го видоа Господа. Тогаш Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Таткото и Јас ве праќам!“ Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух! На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!“ А Тома, наречен Близнак, еден од Дванаесетте, не беше со нив, кога дојде Исус. Затоа другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на Неговите раце и не го ставам мојот прст во раните од клинците и не ја ставам мојата рака во Неговите ребра, нема да поверувам.“ А по осум дни, Неговите ученици пак беа внатре, и Тома со нив. Додека вратата беше затворена, Исус дојде, застана на средина и им рече: „Мир вам!“ Потоа му рече на Тома: „Испружи го твојот прст ваму и види ги Моите раце; и испружи ја твојата рака, и стави ја во Моите ребра; и не биди неверен - туку верен!“ Тома одговори и Му рече: „Мој Господ и мој Бог!“ Исус му рече: „Поверува, зашто Ме виде. Блажени се кои не виделе, а поверувале.“ И многу други чуда направи Исус пред учениците, кои не се запишани во книгава; а овие се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во Негово име.
Прочитај ЈОВАН 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 20:19-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа