Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 20:1-16

ЈОВАН 20:1-16 MKB

Во првиот ден на седмицата, многу рано додека уште беше темнина, Марија Магдалена дојде на гробот и виде дека каме-нот од гробот е поместен. Тогаш отрча и дојде при Симона Петра и при другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го дигнале Господа од гробот и не знаеме каде Го положиле.“ А Петар и другиот ученик излегоа и одеа кон гробот. Имено, и двајцата трчаа заедно; но другиот ученик трчаше побргу од Петра и стигна прв до гробот. Тој се наведна и виде ленени повои, како лежат, но не влезе внатре. По него стигна Симон Петар, па влезе во гробот и ги виде повоите, како лежат; а крпата, што беше на Неговата глава, не беше заедно со повоите, туку беше свиткана одделно, на едно место. Тогаш влезе и другиот ученик - кој стигна прв до гробот - и виде и поверува. Зашто уште не го беа разбрале Писмото, дека Тој треба да воскресне од мртвите. Тогаш учениците пак се вратија дома. А Марија стоеше надвор, при гробот и плачеше; така, додека плачеше, погледна во гробот и виде два ангела, како седат во бели облеки, таму каде лежеше Исусо-вото тело, едниот кај главата, а другиот при нозете. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им рече: „Го дигнале мојот Господ и не знам каде Го положиле?“ Откако го рече тоа, се обѕрна и Го виде Исуса, како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого Го бараш?“ Мислејќи дека е градинарот, таа Му рече: „Господине, ако Го изнесе ти, кажи ми каде Го поло-жи, и јас ќе Го земам!“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни!“- што значи: „Учи-теле!“