Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 18:28-37

ЈОВАН 18:28-37 MKB

Тогаш го одведоа Исуса од Кајафа во преторијата; а беше утро; и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, туку да можат да ја јадат Пасхата. Затоа Пилат излезе пред нив и рече: „Какво обвинение поднесувате против Човеков?“ Во одговор му рекоа: „Ако Овој не беше злодеец, немаше да ти Го предадеме.“ А Пилат им рече: „Земете Го и судете Му според вашиот Закон.“ Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да убиеме некого,“ - за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре. Потоа Пилат се врати во преторијата, Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Јудејскиот Цар?“ Исус одговори: „Го зборуваш ли тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?“ Пилат одго-вори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?“ Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.“ Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?“ Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.“