Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 15:18-27

ЈОВАН 15:18-27 MKB

“Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас! Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази. Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето. Туку, сѐ ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил. Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко. Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нѐ замразија Мене и Мојот Татко. Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’ “А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.“