Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 11:32-44

ЈОВАН 11:32-44 MKB

А кога Марија дојде таму, каде што беше Исус и кога Го виде падна пред Неговите нозе и Му рече: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми.“ Кога Исус ја виде како плаче, и како плачат Јудејците, кои дојдоа со неа, се растажи во духот, и се потресе и рече: „Каде го поло-живте?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ Исус просолзи. Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го љубел!“ А некои од нив рекоа: „Не можеше ли Овој, Кој му ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“ А Исус пак се растажи силно во Себеси и дојде на гробот; а тоа беше пештера и камен навален на неа. Исус рече: „Поместете го каменот!“ Марта, сестрата на покојниот, Му рече: „Господи, веќе смрди, зашто е четири дни во гробот.“ Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?“ Тогаш го поместија каменот, а Исус ги подигна очите нагоре и рече: „Татко, Ти благодарам, што Ме послуша. Јас знаев дека секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народот, кој стои тука, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ Откако го рече тоа, викна со силен глас: „Лазаре, излези на-двор!“ Умрениот излезе, зави-ткан со повои по рацете и нозете, а лицето му беше забрадено со крпа. Исус им рече: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈОВАН 11:32-44