Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 10:7-16

ЈОВАН 10:7-16 MKB

Исус им рече пак: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците. Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послу-шаа. Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде паси-ште. Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ “Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците. Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега; а волкот ги разграбува и ги распрснува; зашто е наемник и не се грижи за овците. Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене. Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците. И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈОВАН 10:7-16