Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 1:1-14

ЈОВАН 1:1-14 MKB

Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. Тоа беше во почетокот во Бога. Сѐ стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него. Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето. И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати. Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован. Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше светлина, туку да сведочи за Светлината. Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот. Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна. Дојде при Своите, но Неговите не Го примија. А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име: кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога. И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈОВАН 1:1-14