Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕРЕМИЈА 2:1-13

ЕРЕМИЈА 2:1-13 MKB

И ми дојде Господово слово: „Отиди и викај му на Ерусалим: ‘Господ зборува вака: „Си спомнувам за твојата младост приврзена, за твојата вереничка љубов: ти дојде со Мене во пустината, по земја каде што не се сее. Израел му беше светина на Господа, првина на Неговите плодови; секој што јадеше од нив, беше казнет; зло го најде,“ говори Господ.’“ Чујте го Господовото слово, Јаковов дому, и сите родови на Израелевиот дом. Господ зборува вака: „Каква неправда најдоа вашите очи на Мене, та се оддалечија од Мене? Тргнавте по суетата, та самите станавте суетни. Не прашуваа: ‘Каде е Господ, Кој нѐ изведе од Египетската Земја та нѐ водеше низ пустината, по пуста земја, едвај проодна, по сува и мрачна земја, по земја низ која никој не поминува, ниту пак некој се населува?’ Во земја на лозја и маслинови градини Јас ве доведов, за да се храните со плодот и со нејзината добрина. Но тукушто влеговте, ја осквернивте Мојата земја, и Моето наследство го претворивте во гнасост. Свештениците не зборуваа: ‘Каде е Господ?’ Толкувачите на Законот Мене не Ме запознаа, пастирите отпаднаа од Мене, а пророците пророкуваа во Ваалово име, и одеа по оние што не можеа да им помогнат. Затоа уште ќе водам парница со вас - говори Господ, и ќе се парничам со синовите на вашите синови: И така, тргнете на Китимските острови, за да видите, или испратете согледувачи во Кидар, та промислете и проверете добро дали се случило нешто слично некогаш. Дали некој народ ги менуваше боговите - тие дури и не се богови! А Мојот народ ја замени својата Слава за оние што не помагаат! Запрепастете се над тоа, небеса, смутете се и зачудете се, - говори Господ. Зашто Мојот народ направи две зла: Ме остави Мене, Изворот на живата вода, та си ископа кладенци за себе, испукани кладенци што не можат да држат вода.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност