Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 12:1-17

ЕВРЕИТЕ 12:1-17 MKB

Затоа и ние, имајќи околу себе толкав облак сведоци, да ги положиме настрана: секое бреме и гревот кој нѐ сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас; гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол. Имено, размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не се истоштите и за да не станете малодушни. Уште не сте се воспротивеле до крв во борбата против гревот, и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.“ Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува? А ако сте пак без казна, од која сите добиле дел, тогаш сте незаконски деца, а не синови. Освен тоа, нашите телесни татковци нѐ казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме? Имено, тие нѐ казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост. Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена, и израмнете ги патеките со своите нозе, за да не се исколчи хромото, туку, напротив, да се исцели. Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа, внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен“ и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина; да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство. Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЕВРЕИТЕ 12:1-17