Затоа и ние, имајќи околу себе толкав облак сведоци, да ги положиме настрана: секое бреме и гревот кој нѐ сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас; гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол. Имено, размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не се истоштите и за да не станете малодушни. Уште не сте се воспротивеле до крв во борбата против гревот, и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.“ Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува? А ако сте пак без казна, од која сите добиле дел, тогаш сте незаконски деца, а не синови. Освен тоа, нашите телесни татковци нѐ казнуваа, и ние ги почитувавме; нема ли да Му се покориме на Таткото на духовите, и така да живееме? Имено, тие нѐ казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост. Навистина, секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но, подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние, кои се обучувале преку неа. Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена