Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 41:37-45

БИТИЕ 41:37-45 MKB

Им се допадна одговорот на фараонот и на сите негови службеници. Затоа фараонот им рече на своите службеници: „Зар можеме да најдеме друг човек како што е овој, во кого е Божјиот Дух?“ А тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Откако Бог ти го откри сѐ тоа тебе, нема никој способен и мудар како што си ти. Ти ќе бидеш управител на мојот дворец: сиот мој народ ќе им се покорува на твоите наредби. Единствено со престолот јас ќе бидам поголем од тебе. Еве, те поставувам - му рече фараонот на Јосифа - над целата Египетска Земја.“ Потоа фараонот го извади печатниот прстен од својата рака и го стави на Јосифовата рака. И го облече Јосифа во облека од најубава ткаеница, а околу вратот му обеси златна огрлица. Тој се возеше на кола, како негов заменик, а пред него викаа: „На колена!“ Така го постави над целата Египетска Земја. Уште фараонот му рече на Јосифа: „Иако сум јас фараон, никој нема да ги помрдне своите раце ни нозе без твое одобрение во целата Египетска Земја. Фараонот го нарече Јосифа „Сафнат Панеах“ и му ја даде за жена Асенета, ќерката на Поти Фер, свештеник во Он. И Јосиф тргна по целата Египетска Земја.