Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 37:23-28

БИТИЕ 37:23-28 MKB

Но кога Јосиф стигна при браќата, тие му ја соблекоа неговата облека, шарената облека што беше на него; го грабнаа и го фрлија во јама за вода. Јамата беше празна; немаше вода во неа. Потоа седнаа да ручаат. Кога ги подигнаа своите очи, здогледаа поворка Исмаилци, како доаѓаат од Галад. Нивните камили носеа: мириси, балсами и смирна, за да ги препродадат во Египет. Тогаш Јуда им рече на своите браќа: „Што ќе постигнеме ако го убиеме брата си, а ја скриеме неговата крв? Ајде, да го продадеме на Исмаилците; но да не дигаме рака на него. Зашто тој е наш брат, наше месо.“ Браќата го послушаа. Тогаш пристигнаа луѓе, мадијамски трговци. Браќата го извлекоа од јамата за вода и им го продадоа на Исмаилците за дваесет сребреници, а тие го одведоа Јосифа во Египет.