Господ му рече на Аврама: „Излези од својата земја, од родното место и од татковиот дом; и оди во земјата што ќе ти ја покажам. Ќе направам голем народ од тебе, ќе те благословам, ќе го прославам твоето име и самиот ќе бидеш благослов. Јас ќе ги благословам оние, кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколнам оние, кои ќе те проколнуваат. И во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата. Тогаш Аврам тргна, како што му рече Господ. И Лот тргна со него. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. Аврам ги поведе со себе: својата жена Сара и својот внук Лот, со целиот имот што го спечалија и со сите луѓе што ги доби во Харан, и сите тргнаа кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа во Ханаан, Аврам ја пропатува земјата до местото Сихем - до дабот Море. Во тоа време Ханаанците живееја во земјата. Господ му се јави на Аврама и рече: „Ќе му ја дадам оваа земја на твоето потомство.“ И Аврам му направи таму жртвеник на Господа, Кој му се јави. Оттаму се премести кон ридот, што е на исток од Ветил. Таму го оптегна својот шатор, меѓу Ветил на запад и Гај на исток. И таму Му направи жртвеник на Господа и го повика Господовото име.
Прочитај БИТИЕ 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: БИТИЕ 12:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа